НЕПАМЕТЕНИ СЦЕНИ ВО ПРИШТИНА: Фудбалерите го повредија судијата, натпреварот продолжи по долга пауза! ТОТАЛЕН ХАОС! (ВИДЕО)
Дрита од Гњилан не успеа да направи сензација и ја елиминира Викторија Плзен.
По ремито 0:0 во Чешка, вистинска драма беше видена на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина, кој имаше проблеми со осветлувањето и квалитетот на тревникот.
Покрај минувањето на Чесите во следната рунда од натпреварувањето, играта ја одбележа и прилично морбиден инцидент, кој дефинитивно не се гледа често на фудбалските терени.
При еден дуел на средината на теренот, меѓу двајца играчи кои се бореа за топката, се најде главниот судија Јакоб Сундберг .
Во нивниот дуел најдебелиот крај го извлече данскиот судија, кој беше покосен од еден од играчите на домашната екипа.