,,Непозната болест уби повеќе од 50 луѓе” Светската здравствена организација (СЗО) излезе со соопштение за состојбата во Конго – од појава на симптоми до смрт само 48 часа!
Непозната болест уби повеќе од 50 луѓе во северозападниот дел на Конго, соопштија во понеделникот лекарите на теренот и Светската здравствена организација (СЗО), објави денеска АП.
Интервалот помеѓу почетокот на симптомите и смртта беше 48 часа во повеќето случаи, и „тоа е она што навистина загрижува“, изјави за Асошиејтед прес, Серж Нгалебато, медицински директор на болницата Бикоро, регионалниот центар за мониторинг.
Последната епидемија на болеста во Демократска Република Конго започна на 21 јануари, а регистрирани се 419 случаи, вклучувајќи 53 смртни случаи.
Според канцеларијата на СЗО во Африка, првата епидемија во градот Болоко започнала откако три деца изеле лилјак и умреле во рок од 48 часа откако развиле симптоми на хеморагична треска.

Долго време постои загриженост дека болестите се пренесуваат од животните на луѓето на места каде што се консумира месо од диви животни. Бројот на вакви епидемии во Африка е зголемен за повеќе од 60 отсто во последната деценија, соопшти СЗО во 2022 година.
Откако започна втората епидемија на сегашната мистериозна болест во градот Бомате на 9 февруари, примероци од 13 случаи беа испратени на тестирање во Националниот институт за биомедицински истражувања во главниот град на Конго, Киншаса, соопшти СЗО.
Сите примероци беа негативни за ебола или други вообичаени болести со хеморагична треска, како што е Марбург, а некои беа позитивни на маларија.
Минатата година, уште една мистериозна болест слична на грип, која уби десетици луѓе во друг дел на Конго, беше утврдено дека најверојатно е маларија, според АП.