„Непријатно семејно обединување“ Принцот Хари и Меган Маркл ќе присуствуваат на крунисувањето на кралот Чарлс
Церемонијата на крунисување на кралот Чарлс III ќе се одржи на 6 мај 2023 година во Вестминстерската палата.
Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл ќе бидат поканети на крунисувањето на кралот Чарлс Трети, а организаторите планираат да бидат присутни на овој историски настан, открива британскиот таблоид Сан, а пренесува Танјуг.
Според британскиот весник, се очекува двојката да присуствува на церемонијата на 6 мај, и покрај стравувањата дека би можеле да го засенат историскиот момент со „непријатно семејно обединување“.
Кралското семејство сè уште се оптоварува од скандалот со објавувањето на автобиографската книга на принцот Хари „Резерва“, во која тој откри некои од најинтимните детали од неговиот живот и од кралското семејство, вклучувајќи го и ривалството со принцот Вилијам.
Луѓето запознаени со организацијата на церемонијата изјавија за Сан дека нема предлози од Бакингемската палата за исклучување на Хари и Меган од тридневниот настан што ќе го одбележи крунисувањето на Чарлс III.
Со оглед на тоа што поканите за 90-минутното шоу на Вестминстерската опатија треба да излезат овој месец, добро информиран извор вели дека војводата и војвотката од Сасекс ќе бидат на листата на гости од 2.000 лица на кралското семејство, која вклучува голем број светски лидери и високи официјални лица од различни земји.
– Дефинитивно ќе бидат поканети, а ние се базираме на претпоставката дека ќе дојдат – изјавил за британскиот таблоид еден од функционерите вклучени во планирањето на крунисувањето.
Тој додаде дека се надева дека двојката ќе пристигне во ОК пред 6 мај за да избегне „непријатна прва средба со семејството што ќе го наруши историскиот ден“.
Како што наведе, тридневната церемонија ќе опфати низа поворки, а кралот двапати ќе се појави на балконот на палатата.
По богослужбата, новокрунисаниот крал и кралицата ќе учествуваат на големата свечена парада позната како поворка за крунисување.
Церемонијата на крунисување на кралот Чарлс Трети ќе се одржи на 6 мај 2023 година во Вестминстерската палата, а покрај него ќе биде крунисана и неговата сопруга кралицата Камила.
Кралот Чарлс III го презеде тронот по неодамнешната смрт на кралицата Елизабета Втора.
Ова ќе биде прва церемонија на крунисување во последните 70 години, кога Елизабета Втора го презеде тронот во јуни 1953 година.