По документарниот филм за Арнолд Шварценегер, истиот формат за Силвестер Сталоне доаѓа и на Нетфликс, а објавен е и првиот трејлер за оваа продукција.
Филмот раскажува за животот и кариерата на познатиот актер, сценарист, режисер и продуцент номиниран за Оскар, како и за ликовите кои ги толкуваше низ годините, од кои секако најпознати се Рамбо и Роки.
„Што е поздраво, да живееш под илузија, а сепак да имаш трошка надеж дека си можел да бидеш одличен, или да заебеш сè и да сфатиш дека не успеал?“, се слуша гласот на Сталоне во трејлерот.
Филмот „Итар“, во режија на Том Зимни, е претставен како „интимен и неочекуван поглед на раниот живот на акционата мегаѕвезда, како и преглед на кариерата која трае речиси 50 години“.
Тешките почетоци на Сталоне ќе ги видиме во Њујорк, кога бегаше од дома за да гледа филмови, низ турбулентната кариера што експлодираше со „Роки“, сè до статусот на голема холивудска ѕвезда.
Паралелно се следи неговата филмографија и патот на личен развој, а покрај Сталоне слушаме и од неговиот помлад брат Френк, колегата Хенри Винклер, долгогодишниот соработник Џон Херцфелд и критичарот Весли Морис.
Критичарите генерално го пофалија филмот, забележувајќи ја неговата искреност и отвореност, додека ја пофалија креативноста и упорноста на Сталоне.
Премиерата е на Netflix на 3 ноември.