НЕРЕАЛНО! ‘Детето чудовиште’ има свои обожаватели! Нов инцидент во училиште во Србија: По едноминутното молчење, ученик извадил пластичен пиштол и го вперил кон учениците
Само еден ден по трагичниот настан во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград, ученик во училиште во Обреновац веднаш по едноминутното молчење направил инцидент.
Според соопштените информации на новинар од српската телевизија Pink, еден од учениците донел пластичен пиштол во училиштето, кој го извадил и го вперил во учениците, а на тоа српската полиција веднаш реагирала.
„Инцидентот се случил во основното училиште ‘Јефимија‘ во центарот на Обреновац. На местото на настанот реагирал училишен полициски службеник. Во првиот разговор со класот, наставничката по едноминутното молчење ги оставила децата во училница за момент, за да види дали сите деца влегле на часот. Момчето со иницијали М.Д. извадило пластичен пиштол од ранецот и му го покажал на другарчето. Другарчето го зел, најверојатно со намера да го фрли во канта“, изјави новинарот на споменатата телевизија.
Нереалната ситуација по вчерашниот настан веднаш била пријавена во полиција, која навремено реагирала и не оставила ништо на случајност.
„Третото момче му го зел пиштолот и почнал да мавта со него во училницата. Децата биле исплашени. Известени се класните и социјалните служби на Центарот за социјална работа на Србија, а едно од овие момчиња со неговиот родител е предадено на припадници на МВР во Одделението за малолетничка деликвенција за понатамошна обработка. Според мене, ова е нереален инцидент. Освен страв, нема повредени лица“, кажал новинарот.
Српскиот весник Telegraf.rs јавува дека полицијата во Обреновац уапсила татко на малолетник и дека со таткото во полициска станица отишол и синот.