НЕСЛАВНИОТ РАСПАД НА СУПЕР-ТИМОТ НА ПСЖ – Овој потег јасно покажува дека главните ѕвезди си заминуваат од “Паркот на принцовите“

ПСЖ не смета на Килијан Мбапе. Пораката до заменик-капитенот не можеше да биде појасна – тој не е ниту вклучен во составот за натпреварот против Лориен, со кој парискиот клуб ја отвора новата сезона на „Паркот на принцовите“. 

Сагата околу Килијан Мбапе започна од 21. јули, кога почна да тренира одвоено од клубот и не беше ни однесен на претсезонската турнеја, и очигледно ќе остане надвор од клубот се додека неговата иднина не биде јасна. Но, во Париз не можат бесконечно да ја продолжат јавната војна со својата најголема ѕвезда, бидејќи правилата на француската лига не дозволуваат да го казнуваат својот фудбалер на подолг период држејќи го на страна.

Особено што не направил никаков дисциплински прекршок. Освен што одбива да потпише нов договор. Од перспектива на ПСЖ, единствен излез од невозможната ситуација е понуда од Реал Мадрид, која се очекува и се најавува веќе подолго време, но се уште не пристигнала или пак Килијан Мбапе да го промени ставот. Еден од најдобрите светски фудбалери го одби предлогот за нов договор кој истекува следното лето, но во исто време им порача на челниците на ПСЖ дека не сака да биде трансфериран ова лето. Секако, со таквиот став го доведе ПСЖ до ѕид затоа што ако имаше свој начин можеше следното лето без обештетување да го напушти „Паркот на принцовите“.

Но, Килијан Мбапе не е единствениот кој го напушти Париз со една нога. Ниту Нејмар ниту Верати не беа пријавени за натпреварот против Лориен. Проектот на спектакуларниот тим кој Лионел Меси веќе го напушти летово очигледно ќе заврши неславно.