НЕСРЕЌА – Авион се урнал во шума набргу по полетувањето: Маж се здобил со повреди опасни по живот а со него имало и жена

Еден човек е итно пренесен во болница со повреди опасни по живот, откако авионот се урнал веднаш по полетувањето. Службите за итни случаи биле повикани на аеродромот Дамс Хол во Авели Роуд веднаш по 12:00 часот локално време денеска.

Лондонската против-пожарна бригада одговори на извештаите за лесен авион кој се урнал во шумска област веднаш по полетувањето. На лице место биле и три возила на итната помош и двајца членови на тимот за одговор на опасно подрачје.

На местото на настанот била повикана и лондонската воздушна амбуланта. Пронајдени се маж и жена и првично се веруваше дека нема сериозни повреди, меѓутоа полицијата сега потврди дека мажот бил итно пренесен во болница од лондонската итна помош со повреди опасни по живот, пишува The Sun.

Командантот на лондонската против-пожарна бригада Џереми Дејвис, кој беше на местото на настанот, изјавил за тамошните медиуми:

Пожарникарите работеа на ослободување на маж и жена заробени во лесен авион во шумата во близина на аеродромот. Двајцата се пренесени во болница“.

По несреќата, портпаролот на аеродромот изјави:

Службите на итната помош не информираа дека несреќата се случила недалеку од аеродромот Даминс Хол и тие се на лице место“.