Нетанјаху бесен поради Ердоган: „Го нарекува Израел терористичка држава, но во своите постапки го поддржува Хамас“
Нетанјаху додаде дека Ердоган гранатирал села во Турција и дека Израел нема да ја прифати неговата „морализација“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја поддржува „терористичката држава Хамас“.
– Тој го нарекува Израел терористичка држава, но во своите постапки ја поддржува терористичката држава Хамас – рече Нетанјаху, откако Ердоган изјави дека Израел е „терористичка држава која врши воени злосторства и го крши меѓународното право во Газа“.
Нетанјаху додаде дека Ердоган гранатирал села во Турција и дека Израел нема да ја прифати неговата „морализација“.