Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли повикот на францускиот претседател Емануел Макрон за прекин на огнот во Појасот Газа.
Во синоќешното интервју за Би-Би-Си, Макрон побара од Израел да престане со бомбардирање и убивање цивили на палестинска територија.
„Хамас сноси „одговорност за каква било штета нанесена врз цивилите“, одговори Нетанјаху.
Тој потсети дека палестинското исламистичко движење ја започна војната, убивајќи луѓе во Израел на 7 октомври и го обвини дека користи цивили како „човечки штит“.