,,Нетанјаху е вампир кој се храни со крв!” – Ердоган го нарече израелскиот премиер „ментално болен, манијак и психопат“ (фото)
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека „светската заедница го следи варварството“ на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кого го нарече „ментално болен, манијак, психопат и вампир кој се храни со крв.”
Министерството за комуникации на Турција на платформата X објави дека Ердоган на партиски состанок во Анкара рекол дека „младите почнуваат да ја гледаат изопаченоста на ционизмот“ и дека се надева на свет без ционистичка разврат.
,,Ниту една религија не смета дека е легитимно да се палат до смрт невини цивили во нивните шатори“, се додава во соопштението на Министерството.
Ердоган рече и дека и рацете на американската влада се извалкани со крв, велејќи дека таа е одговорна и за „геноцидот во Газа“.
Израелските медиуми објавија дека Ердоган ги критикувал Израел и САД за војната во Газа во говорот на состанокот на неговата Партија на правдата и развојот (АКП) попладнево.
Тој рече дека шефовите на држави во Европа станале соучесници во „израелскиот вампиризам“ затоа што молчат.