– Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата влада ќе гласа за „декларативно решение“ односно спротивставување на Израел на секакво еднострано прогласување на палестинската државност.
Нетанјаху на почетокот на неделниот состанок на Владата рече дека потегот доаѓа по „неодамнешните разговори во меѓународната заедница за обид за еднострано признавање на палестинска држава“.
Официјалната изјава, рече тој, ќе ја одрази позицијата дека „Израел категорично го отфрла меѓународниот диктат за постојан договор со Палестинците, таков договор може да се постигне само со директни преговори меѓу страните, без предуслови“.