Нетанјаху наредил да се повика на разговор шпанскиот амбасадор во Израел

Премиерот Бенјамин Нетанјаху му нареди на министерот за надворешни работи Ели Коен да го повика шпанскиот амбасадор во Израел по коментарите на шпанскиот премиер претходно во четвртокот.

Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно во интервју за шпанската телевизија изјави дека има „сериозни сомневања дека Израел го почитува меѓународното хуманитарно право“ и дека „она што го гледаме во Газа не е прифатливо“.

Минатата недела Израел ги повика амбасадорите на Шпанија и Белгија на разговори по коментарите дадени за време на нивната посета на граничниот премин Рафах во Египет.

Министерот за надворешни работи Ели Коен на Х/Твитер рече дека „Израел дејствува и ќе продолжи да дејствува во согласност со меѓународното право, а ние ќе ја продолжиме војната додека не се ослободат сите заложници и не се елиминира Хамас во Газа“.