Нетанјаху: „Се наоѓаме во тешка војна“

 – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека се наоѓаат во тешка војна која ќе трае долго.

Нетанјаху објави видеопорака откако загинаа уште девет израелски војници во блокираниот Појас Газа.

Израелскиот премиер рече дека постигнале важни успеси, но и дека претрпеле болни загуби во Газа.

Истакна дека ќе ја продолжи војната во Газа додека „не се постигне победа“.

„Ние сме во тешка војна. Ова ќе биде долга војна“, рече Нетанјаху.

Во вчерашното соопштение на израелската војска беше објавено дека во судирите на северот на Газа загинале двајца израелски војници. Во соопштението од утринава се наведува дека во Појасот Газа загинале уште девет израелски војници.