Нетанјаху се обрати до нацијата по прекинот на огнот и се закани: „Хамас ќе биде разоружан, вака или така“
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на граѓаните на земјата откако неговата влада одобри договор за прекин на огнот во Газа.
Во телевизиско обраќање, израелскиот премиер рече дека не ги слуша оние кои тврдат дека нема да биде можно да се вратат заложниците.
„Верував дека ако примениме силен воен притисок, во комбинација со силен дипломатски притисок, апсолутно ќе можеме да ги вратиме сите наши заложници. Токму тоа го направивме“, рече тој.
Тој повтори дека Израел постигнал сè што си поставил за цел.
„Ова значи постигнување на целите на војната, вклучително и враќање на заложниците, елиминирање на балистичката и нуклеарната закана од Иран што го загрози нашиот опстанок тука и разбивање на иранската оска, од која Хамас е централна компонента“, рече тој.
Зборувајќи за Газа, Нетанјаху рече дека израелската армија нема целосно да се повлече од оваа територија.
„Хамас ќе биде разоружан, а Газа демилитаризиран во наредните фази. Ако ова се постигне на лесен начин, одлично. А ако не, ќе се постигне на потешкиот начин“, рече тој.