Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска изјави дека Австрија се залага за праведен и траен мир во Украина и е подготвена да биде домаќин на мировните преговори.
„Ги земаме предвид изјавите на рускиот претседател за неговата отвореност за мировни преговори со Украина. Сите преговори мора да се одвиваат без предуслови. Австрија ќе биде подготвена да поддржи праведен и траен мир заснован на меѓународното право и да биде домаќин на преговорите како седиште на ОБСЕ“ – објави Нехамер на платформата Икс.