Нецензурирана снимка: Еве што навистина се случи во Арената за време на настапот на Израел на Евровизија! Ова не можевте да го видите на телевизија (ВИДЕО)
Разликата помеѓу телевизиското емитување на Евровизија 2025 и снимките од публиката директно од салата во Базел додека настапуваше претставникот на Израел е драстична.
Синоќешното финале на Евровизија го освои Австриецот Џеј Џеј со песната „Wasted Love“, чиј автор е Теодора Шпириќ.
Покрај музичките настани, политиката беше во фокусот на овогодинешниот натпревар, и се чини – повеќе од кога било досега. Одгласите од војната во Газа се прелеаја и на улиците на Базел, каде што со денови пропалестинските демонстранти протестираа, барајќи дисквалификација на Израел од натпреварот (со слогани како „Вие пеете додека Газа крвари“ ).
И покрај сè, претставничката на Израел , Јувал Рафаел, настапи во финалето под четвртото место, а песната што ја изведе се вика „New Day Will Rise“.
Настапот на израелската пејачка е проследен со контроверзии кои немаат никаква врска со музиката, бидејќи нејзиното учество на Евровизија беше проследено со бројни протести поради страдањето на палестинскиот народ во воените конфликти со Израел.
Во официјалното емитување што можеше да се гледа на YouTube, но и на националните телевизии низ Европа и светот, сè беше „испеглано“ – тишина, мир, навивање… Познато е дека сите „негативни“ работи ги отстранува евровизиската продукција, исто беше и во претходните години, а овојпат не беше исклучок.
Сепак, на видеата што кружат на социјалните мрежи, може да се слушнат свирежи што го придружуваат настапот на израелскиот претставник, како и развеани палестински знамиња.
Инциденти и на пробите
Скандалот се случи и на пробата пред втората полуфинална вечер на Евровизија.
Како што може да се види на видеата што се појавија на социјалната мрежа X, за време на пробата пред почетокот на Евровизија, на која присуствуваше публиката во арената, присутните во салата го исвиркаа претставникот на Израел, користеа свирежи, имаше навредливи зборови и зборови на поддршка за Палестина, која моментално е во војна со Израел.
„На последната генерална проба, израелскиот претставник, Јувал, беше пречекан со многу исвиркувања (Буху), а публиката скандираше повици за ослободување на Палестина“, се вели во описот на видеото, кое беше објавено на социјалните мрежи.
Оние кои ја прекинаа пробата на израелскиот претставник мораа да бидат исфрлени од салата од страна на обезбедувањето, објави организацијата.