Десната рака на претседателот на Украина, Андриј Јермак и министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, се договориле во телефонски разговор да се сретнат за првпат во јануари, а разговарале и за можна средбата меѓу Володимир Зеленски и Виктор Орбан.
Андриј Јермак на социјалната мрежа Х (Твитер) напиша дека имал продуктивен разговор со Петер Сијарто и дека работат на организирање средба меѓу Володимир Зеленски и Виктор Орбан во блиска иднина.
Според неговите зборови, тие разговарале и за напредокот на Украина на патот кон европската интеграција.
Петер Сијарто посочи дека е важно одржувањето на континуиран дијалог на високо ниво, бидејќи дава надеж за подобрување на односите.
Тој на социјалните мрежи напиша и дека Унгарија е заинтересирана да ја одржи најдобрата можна соработка со сите свои соседи.
„Се разбира, нема да го промениме нашиот став за мир, но со нетрпение ја очекувам нашата средба лице в лице во јануари кога ќе имаме можност да разговараме за најитните билатерални прашања“, изјави Петер Сијарто.
Како што јавија украинските медиуми, шефот на кабинетот на Володимир Зеленски изјавил дека евентуалните разговори меѓу претседателот на Украина и Виктор Орбан би можеле да опфатат со широк опсег на билатерални односи.
Унгарија и Украина немаат речиси никакви контакти на високо ниво од почетокот на руската агресија против Украина во февруари 2022 година, но соработката е многу поактивна во последните недели, пишува pravda.com.ua.
Унгарија инаку се спротивстави на почетокот на преговорите за членство во ЕУ со Украина, а одлуката беше донесена во средината на декември на Европскиот совет, откако Виктор Орбан накратко го напушти состанокот.
Сепак, Виктор Орбан стави вето на пакетот помош на ЕУ за Украина од околу 50 милијарди евра во следните четири години.