Јенс Столтенберг: “НАТО будно ја следи ситуацијата во Полска!“

„НАТО ја следи ситуацијата во Полска по извештаите дека руска ракета можеби навлегла во воздушниот простор на земјата-членка на Алијансата“, напиша генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на социјалната мрежа Х (Твитер).

Разговарав со (полскиот) претседател Анджеј Дуда за ракетниот инцидент во Полска. НАТО останува солидарен со нашиот ценет сојузник, ја следи ситуацијата и ќе одржува контакт додека се разјаснат фактите“, увери Јенс Столтенберг и додаде дека НАТО останува буден.