БОГАТИТЕ ШЕИЦИ ТРГНАА ВО ЛОВ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ – Сакате да влезете во саудиската трета лига !? Погледнете каков луксуз нудат Арапите за возврат!

Се бараат играчи за третата саудиска фудбалска лига. Месечната плата е меѓу 3.000 и 4.000 евра, а се добива и куќа за користење – стои во огласот со кој FutbolJobsa се обидува да привлече фудбалери од пониските и многу помалку платените рангови на саудискиот фудбал.

Новиот пазар го преврте фудбалскиот свет, Саудиска Арабија веќе не привлекува само играчи на крајот од кариерата поради парите кои не можеле да ги заработат никаде на друго место, туку и оние фудбалери во кои се во цутот на кариерата. Сепак, намерата на Саудијците е да ја прекројат целата структура на нивниот фудбалски систем и да воспостават силна база со европски играчи. И тоа почнува од најниските лиги.

Повратните информации што ги имавме по таа реклама беа огромни. Имаше илјадници дневни интеракции, преку е-пошта, социјалните медиуми и WhatsApp пораки. Во тој момент сфативме дека овој пазар е веќе реалност, а фудбалските луѓе потврдија дека побарувачката не е само за големи ѕвезди“, изјави за Marca извршниот директор на FutbolJobs, Валентин Ботела Николас.

На оваа платформа во Саудиска Арабија работа наоѓаат не само фудбалери, туку и тренери. Своевремено тие најавија понуда од пет милиони евра за тренерско место и неговиот штаб во саудиски клуб. Тоа беше и најголемата понуда во последните десет години колку што работи FutbolJobs. Еден од условите е тренерот и неговиот штаб да го преземат клубот за неколку дена, што и се случи.

Во моментов, сепак, има актуелна понуда за фудбалерки, бидејќи тие сакаат истовремено да го развиваат и женскиот фудбал во Саудиска Арабија.

Бараме фудбалерки кои би играле во 1-та и 2-та лига на Саудиска Арабија, а едно од барањата е овие фудбалерки да играле на неодамнешното светско првенство. Одговорот беше изненадувачки: 935 се пријавија за понудата“, изјавил извршниот директор на FutbolJobs.