Нејзиниот сопруг е еден од најбогатите луѓе на светот, а таа се пожалила за цената на кафето во камп за милијардери: “Да ви платам 4 долари за една шолја ?!“

Сопругата на американскиот инвеститор, индустријалец и филантроп Ворен Бафет се пожалила на вработените во годишниот летен камп за милијардери на Allen & Co. бидејќи морала да плати четири долари за шолја кафе.

Астрид Бафет, сопругата на 92-годишниот претседател на Berkshire Hathaway, кој според магазинот Forbs вреди повеќе од 115 милијарди долари и е меѓу најбогатите луѓе во светот, се пожалила дека за таа цена можела да добие половина килограм кафе на некои други места.

И покрај своето богатство, Ворен Бафет се стекна со репутација на штедлив човек, а познато е дека живее во истата куќа во Омаха која ја купил во 1958 година за 31.500 долари. Исто така, како што пишува NY Post, тој редовно клипува купони за зделки, купува оштетени автомобили по пониски цени и појадува во McDonald‘s.

слика
Ворен Бафет

Весникот NY Post се потрудил да открие дека кафето од 4 долари е најевтино во популарната слаткарница и кафуле со австриска тематика Konditorei, сместени во луксузното одморалиште Sun Valley во Ајдахо.

Ворен Бафет и Астрид Менкс се венчаа во 2006 година, кога тој имаше 76, а таа 60. Двојката почна да се забавува неколку децении порано, додека тој сè уште беше во брак со својата прва сопруга Сузан Томпсон.

Сузан Томпсон, која почина во 2004 година, беше свесна за врската и ѝ даде благослов.