А тоалетите на актерката се секогаш одмерени и стилски…
Џесика Алба неодамна го посети Њујорк за да го промовира сопственото шоу „Honest Renovations“, а со својата облека ги воодушеви сите присутни.
Едноставно, а сепак елегантно – вака би сакале да го опишеме сетот што славната актерка го прошета низ американскиот град.
The radiant Jessica Alba lit up New York City with her glamorous appearance on Late Night with Seth Meyers.
— backgridus (@BackgridUS) August 19, 2024
While promoting her latest venture, Honest Renovations, Alba looked absolutely stunning in a chic black ensemble.@BackgridUS #backgrid #jessicaalba pic.twitter.com/J7ZN4QZoc2
Како што можете да видите, Џесика за оваа пригода избра црн корсет украсен со гломазни циркони и панталони со висок струк.
Оваа 43-годишна убавица целото издание го заокружи со брановидна фризура и шминка во „голи“ тонови, а незаменлива беше црната мини чанта која актерката ја носеше преку раката.