Не вечерајте доцна: Јадењето после ова време го зголемува ризикот од мозочен удар

Јадењето вечера после 21:00 часот може да биде поврзано со зголемен ризик од мозочен удар, покажа студијата спроведена во Франција.

Студијата, која опфати повеќе од 100.000 луѓе, ги следеше навиките во исхраната седум години и забележа околу 2.000 случаи на кардиоваскуларни болести, вклучително и мозочни удари. Резултатите покажаа дека луѓето кои вечераат најдоцна, после 21 часот, имаат значително поголема веројатност да доживеат мозочен удар или транзиторен исхемичен напад (т.н. „мини-мозочен удар“). Зголемувањето на ризикот бил дури 28% во споредба со оние кои вечерале пред 20:00 часот.

Јадењето доцна може да изгледа безопасно, но истражувањето спроведено во Франција покажува дека вечерата по 21 часот може да го зголеми ризикот од мозочен или мини-мозочен удар.