Не ги сакате вашите бутови? Нема причина, прашајте ги мажите…

Често жените без причина се критички настроени кон својот изглед. Мажите едноставно ги обожаваат оние делови од телото кои не ги сакаат

Повеќето жени сонуваат да имаат витки и долги нозе како супермодели. Тие се убедени дека само таквите нозе изгледаат убаво на мажите, но грешат.

Ова го потврди и онлајн истражување спроведено на голем број мажи.

Тие ја презеле задачата да откријат кој дел од женските нозе им е најинтересен и како треба да изгледаат совршено женските нозе, пренесува Телеграфи.

Речиси 80 отсто од испитаниците откриле дека обожаваат заоблени и затегнати нозе. Тие се попримамливи од тенки нозе. Жените не го сакаат тој дел од нозете и често не го истакнуваат.

Не сме ни покритични кон нашите бутови. Сметаме дека се преголеми и „предебели“, но на мажите не им пречи.

Нешто помалку од 50 отсто од анкетираните мажи изјавиле дека нема ништо посекси од бутовите на Џенифер Лопез.

Дури 32 отсто од нив ги издвоиле колената како најсекси дел од женските нозе, а веднаш по нив се бутовите кои жените најмногу би сакале да ги намалат.