Не ги стискајте мозолчињата ако се на ова место! Може да предизвика инфекција и да го нападне мозокот

Оваа чувствителна област на лицето може да биде поврзана со опасни компликации, бидејќи директното допирање или несоодветниот третман може сериозно да го загрози нашето здравје. Дознајте зошто е важно да се биде внимателен и што може да се случи ако ги игнорираме предупредувањата.

Кога ќе се појави мозолче на лицето , многумина од нас инстинктивно сакаат да го истиснат за што побрзо да се ослободат од непријатниот „натрапник“.

Меѓутоа, често не сме свесни дека оваа „обична активност“ може да има сериозни последици по нашето здравје, особено ако мозолчето се наоѓа во т.н. „триаголник на смртта“. Оваа област се нарекува така со добра причина.

„Триаголникот на смртта“ го вклучува централниот дел на лицето, вклучувајќи го врвот на носот и аглите на усните.

Оваа зона е исклучително деликатна и чувствителна, иако можеби не е очигледна. Допирањето на мозолчиња во оваа област или несоодветните естетски третмани може да предизвикаат сериозни последици.

Опасноста од оваа област произлегува од нејзината тесна поврзаност со мозокот. Распоредот на вените во овој дел од лицето е специфичен и им овозможува на микроорганизмите лесно да навлезат во крвотокот, пренесува „ Курологија “ .

Инфекцијата или воспалението од мозолчето може да се прошири до мозокот, што може да доведе до сериозни здравствени проблеми. Затоа, исклучително е важно да бидете внимателни и да избегнувате директно допирање или стискање на мозолчиња во овој чувствителен дел од лицето.