Сите ги фрламе дршките и листовите од јагодите, а тука правиме голема грешка. Ако ги исушите и од нив направите чај, ќе добиете многу моќен и здрав напиток кој позитивно влијае на целиот организам.
Дршките и листовите од јагода содржат повеќе витамин Ц отколку плодовите, а ги содржат истите микроелементи како овошјето.
За што сè е добар овој чај?
Чајот од дршките и листовите од јагоди, како и самите јагоди, го зајакнуваат нервниот систем и делуваат против стресот, го намалуваат заморот, помагаат при депресивни состојби, крвни заболувања и се користат за подобрување на состојбата на бубрезите.
Овие зелени делови од растението се драгоцени за дијабетичарите бидејќи можат да влијаат на нормализирање на шеќерот во крвта.
Тие се благотворни при закрепнување од некоја болест, го зајакнуваат имунитетот, спречуваат болести на желудникот, помагаат при лекување на артритис, ревматизам и анемија, ги олеснуваат тегобите и благотворно делуваат врз зголемениот холестерол и високиот крвен притисок. Освен тоа, јагодите го забрзуваат метаболизмот и го забавуваат стареењето.
Како да го подготвите чајот?
Една кафена лажичка иситнети дршки од шумски или градинарски јагоди прелијте ги со чаша зовриена вода. Чајот оставете го да отстои покриен 20 минути, а потоа консумирајте го топол, 3 пати на ден.
Овој чај со пријатен вкус е одлично помошно средство во терапијата на лицата заболени од рак.