Не го прескокнувајте појадокот ако сакате да ослабете, но внимавајте и што јадете

За оние кои сакаат да ослабат, не се препорачува прескокнување на појадокот, тврдат шпанските научници. Наместо тоа, оние кои се на диета треба да се стремат да консумираат помеѓу 20 и 30 проценти од нивната дневна енергија за време на најважниот оброк во денот. Тоа изнесува од 500 до 750 калории за мажи и 400 до 600 за жени.

Во една студија која ја следеше исхраната и здравјето на речиси 400 возрасни лица во текот на три години, истражувачите открија дека учесниците кои јаделе „идеална количина“ на калории за појадок имале понизок индекс на телесна маса (БМИ) од оние кои јаделе премалку или премногу, пишува Daily Mail.

Не е важен само бројот на калории, туку и квалитетот на оброкот. Учесниците кои консумирале нездрав појадок богат со масти, сол и шеќер имале полоши здравствени индикатори, без оглед на внесот на калории.

Научниците заклучиле дека чувството на ситост после појадок може да го намали вкупниот внес на калории во текот на денот бидејќи ја намалува потребата од грицки.

„Појадокот е најважниот оброк во денот, но важно е и што и колку јадете“, вели професорот Алваро Хернаез.

Умерениот внес и квалитетниот оброк се клучни за подобри здравствени резултати.