Не го сакаат Михаел Шумахер за почесен граѓанин во неговиот роден град, братот Ралф е огорчен од политичарите
Михаел Шумахер е еден од најпознатите спортисти во светот, но неговиот роден град Керпен не го почитуваше и се посрамоти, поради што збесна неговиот брат Ралф.Иако седум пати во кариерата беше светски шампион во Формула 1, неговиот роден град Керпен одлучи да не му ја додели титулата почесен граѓанин на Михаел Шумахер.
Тоа „во моментов нема смисла“ и градот има „други приоритети“, велат политичарите Керпен, цитирани од „Kölnische Rundschau“.
Ваквиот став наидува на недоразбирање кај братот на Михаел, Ралф Шумахер, кој луто реагираше на Инстаграм.
„Ништо повеќе не ме изненадува со СПД“, напиша Ралф, споделувајќи скриншот од напис на неговиот профил кој гласи „Политичарите од Керпен не го сакаат Михаел Шумахер за почесен граѓанин“.
Помладиот брат Шумахер потоа додаде: “Тоа е типично за Германија и нашата политика! Изгледа дека успесите веќе не се важни. Кога ќе размислите што направи мојот брат за Керпен со своите успеси, јас останувам без зборови”, напиша Ралф. .
За ова е лут и Рајнер Ферлинг, претседателот на фан клубот на Михаел Шумахер.
„Начинот на кој Михаел се третира како личност е ужасен. Навистина сум лут. Градот не може да се удостои да именува некој што освоил седум светски шампионски титули за почесен граѓанин“, изјави тој за „Kölner Stadtanzeiger“.
Инаку, истрагата за уцена врз семејството на Михаел Шумахер продолжува. Обвинителството од Вупертал го истражува овој случај, а на листата на осомничени стави и медицинска сестра која беше задолжена да се грижи за седумкратниот светски шампион во Формула 1.
Судскиот процес треба да продолжи следниот понеделник, а пресудата не се очекува до нова година.