“НЕ ДОБИЛ ДОЗВОЛА ДА ПОЛЕТА!“ – Преживеаниот пилот е виновен за тешката несреќа на пистата на аеродромот во Токио !?

Авионот на јапонската крајбрежна стража, кој се судри со патнички авион на аеродромот во Токио, не добил дозвола да полета. Транскриптот од комуникацијата меѓу контролорите на летање и авионот открива дека летот на авио-компанијата „Japan Airlines“ бил пуштен да слета, но помалиот авион не добил зелено светло за полетување.

Министерот за транспорт и врски на ЈапонијаТецуо Саито, ја коментираше снимката од комуникацијата помеѓу контролата на летање и авионот, велејќи дека не е јасно прикажана дозвола за полетување на авионот на крајбрежната стража, туку наместо тоа, тие го упатил да застане до точката за полетување. Екипажот на крајбрежната стража потврди дека ги добил упатствата неколку секунди подоцна, покажуваат транскриптите. Околу две минути подоцна, авион на „Japan Airlines“ се судри со помал авион на пистата.

слика

Друг фактор за несреќата би можеле да бидат предупредувачките светла, кои ги информираат пилотите дали пистата е чиста, а кои не работеле на денот на несреќата на аеродромот во Токио.

Тецуо Саито на прес-конференција изјави дека инцидентот се уште е под истрага и дека следниот чекор ќе биде слушање на аудио-снимката од разговорот меѓу пилотот на крајбрежната стража и кулата за контрола на летање. Јапонскиот одбор за безбедност на транспортот почна да ги истражува изгорените остатоци од авионот.

Авион на „Japan Airlines“ се судри со авион на крајбрежната стража при слетување во вторникот, при што и двата авиони се запалија. Сите 367 патници и 12 членови на екипажот на патничкиот успеале да побегнат од запалениот авион без поголеми повреди, но пет патници во авионот на крајбрежната стража загинале. Преживеал само капитенот кој се здобил со тешки повреди.