Не е добро да спиете премногу! Во телото настанува хаос, а може да се развие и оваа подмолна болест

Премногу сон може да го загрози вашето здравје и секојдневниот живот, речиси како да не сте имале квалитетен сон со месеци.

Повеќе од осум часа сон може да го загрози здравјето исто како и недоволното спиење, а тоа се одразува и во секојдневните ситуации во животот. 

Премногу часови спиење има негативен ефект врз невротрансмитерите во мозокот, што го нарушува лачењето на серотонин, хормонот на среќата што прави да се чувствувате добро.

Квалитетниот сон е многу важен за нормално функционирање на целиот организам . Експертите советуваат дека осум часа сон се доволни за телото да се одмори, да се регенерира и да се подготви за следниот ден со обврски, додека премногу сон може негативно да се одрази на здравјето. Погледнете како тоа влијае на вашето тело.

Вишокот тежина

Неколку американски студии покажаа дека премалку, но и премногу часови сон подеднакво влијаат на развојот на дијабетес, како и на појавата на дебелина.
– Како резултат на тоа, луѓето кои се повеќе лишени од сон имаат тенденција да добиваат тежина од овие физиолошки причини – вели д-р Војек, пренесува ” Yalemedicine “.

Депресивни состојби

Докажано е дека различни депресивни состојби – од минливи до тешки форми – се поврзани со нарушувања на спиењето. Недостатокот на волја за каква било активност го „тера“ човекот да спие подолго и да бега од реалноста. И колку подолго спие, толку е понеактивна и понезадоволна, па едната депресивна состојба се претвора во друга и продолжува.

Срцеви заболувања

Статистиката покажува дека причина број еден за смрт во светот е појавата на срцеви заболувања, односно појава на срцев удар и дека оние кои речиси секогаш спијат подолго од осум часа се изложени на третина поголем ризик од срцев удар.

Главоболки

Ако вообичаено спиете, тогаш веројатно сте ги доживеале главоболките кои се јавуваат по преспиењето. Ова се случува затоа што премногу часови спиење имаат негативен ефект врз невротрансмитерите во мозокот, што го нарушува лачењето на серотонин, хормонот на среќата кој прави да се чувствувате добро.

Проблеми со меморијата

Премногу сон ги нарушува и когнитивните процеси, што значи дека во таква состојба ви е тешко да се концентрирате, нема да можете правилно да учите или да донесувате заклучоци.