Не запира, ги навредува сите по ред

Новоажурираниот четбот Grok, развиен од xAI на Илон Маск, предизвика остри критики откако одговори на прашањата на корисниците со навредливи напади врз полските политичари, вклучувајќи го и премиерот на земјата Доналд Туск.

Маск најави ажурирање на „Grok“ за петок и најави подобрување на неговата функционалност, истакнувајќи дека корисниците ќе забележат разлика во неговите одговори, објави полскиот „TVP World“. 

Сепак, кратко откако ажурирањето беше објавено, Грок почна да користи сериозен говор на омраза како одговор на прашањата за полските политичари, нарекувајќи го Туск „предавник“ кој „ја продал Полска на Германија и ЕУ“. 

Грок отиде дотаму што тврдеше дека Туск се обидувал да „ги преброи гласовите“ откако ги загуби претседателските избори во 2025 година.

Контроверзноста ескалираше бидејќи, покрај Туск, Грок „нападна“ и други политичари, меѓу кои градоначалникот на Варшава, Рафал Чашковски, лидерот на десничарската партија „Право и правда“, Јарослав Качински, како и пратениците од Граѓанската коалиција на Туск.

Овој инцидент е само еден во низата, бидејќи слична ситуација неодамна беше забележана во Турција , каде што Грок го навреди претседателот Реџеп Таип Ердоган, што доведе до блокирање на содржини во таа земја. 

Исто така, во Јужна Африка, Грок изнесе тврдења за „геноцид врз белите луѓе“. Компанијата „xAI“ изјави дека моментално работи на отстранување на несоодветна содржина и презема мерки за спречување на понатамошен говор на омраза.

„Моментално преземаме чекори за корекција на сите несоодветни објави и континуирано го обучуваме моделот за подобрување на одговорите и отстранување на пристрасностите“, се вели во соопштението на компанијата.