„Не знаев дека ми е братучед сè додека не забременив!“ Првично била во шок, но потоа донела одлука: „Ќерката ја крстивме по заедничката чукун баба!“

42-годишната Марсела и Таг Хил од Америка сфатиле дека се во роднинска врска дури откако дознале дека чекаат бебе. Парот истражувал семејни стебла за да го најде совршеното име за нивното идно дете, а потоа сфатиле дека ја имаат истата чукун баба.

По првичниот шок, како што велат, денес им е смешно.

„Случајно се омажив за братучед“, ја раскажа Марсела својата приказна во видеото на TikTok, додавајќи:

„Секој од нас седеше на лаптопите и ги гледавме нашите семејни стебла. Кога ги погледнав неговите, помислив дека е логиран на моето, но набрзо сфативме дека се исти“, рече Марсела.

Марсела и Таг се трети братучеди, што е потврдено од неговиот дедо и баба, кои се први братучеди и пораснале заедно.

Двојката веднаш се загрижила за здравјето на нивната неродена ќерка, но кога утврдиле дека нема никаков ризик, решиле да ја крстат по нивната заедничка прабаба Мери Џејн Долар.

,,Кога престанавме да се грижиме, сè стана многу чудно и смешно“, признала таа.

Марсела објаснува дека најинтересно е кога одат на семејни собири, бидејќи тогаш тоа ќе биде едно големо семејство, бидејќи ќе бидат присутни сите роднини од двете страни.

„На еден таков собир вујко ми направи квиз за предците на нашето семејство, а за еден од одговорите реков дека тоа е правнука на мојот сопруг“, се пошегува Марсела.

Двојката се пошегува дека нивната врска отсекогаш била чудна, но сега создале дополнителен слој на лудост.

,,Се собравме затоа што и двајцата бевме разочарани од светот. Кога дознавме дека имаме заедничка семејна историја, некако сè си дојде на свое место и сега имаме чувство на целост“, заклучи Марсела.