Убавата и воодушевувачка Хавајка уште еднаш воодушеви со своето извајано тело во костим за капење, овој пат во бело, кој одлично и стои.
Никол Шерцингер, поранешната девојка на Григор Димитров која деновиве ужива со својата убавица Мадалина Генеа во Венеција, редовно е восхитувана по нејзиното извајано тело и изглед кој никогаш не би и дал 45 години.
Заносната убавица е многу активна на Инстаграм и сака природа, море, тренинзи, а деновиве ужива во Австрија. Таа позираше во бел, навидум едноделен костим, кој одлично го истакнува нејзиното извајано тело, а евидентно е дека на фотографиите кои ги објави не користела филтри за разубавување или фотошоп, што денес е вистинска реткост меѓу познатите.
Никол е вистинска секс бомба и како што би сакале да нагласиме, природна убавица, а ретко кој може да поверува дека е во петтата деценија. Дали знаевте дека таа е висока само 165 сантиметри?