,,Не можам да предвидам ништо за Ѓоковиќ, тој е монструм” Поранешниот тенисер згрме, па го спореди Новак со Рафа и Роџер! (фото)

Поранешниот австралиски тенисер и селектор на австралиската репрезентација Вали Масур е воодушевен од Новак Ѓоковиќ за кого нема ништо друго освен пофални зборови.

Вали тврди дека Новак е над Роџер Федерер и Рафаел Надал, иако двајцата се и врвни тенисери.

,,Мразам да прогнозирам нешто против Ѓоковиќ. За малку ќе добиеше календарски слем. Ако го победеше Карлос Алкараз на Вимблдон, ќе имаше календарски слем. Мислам дека тоа би било извонредно достигнување на негова возраст”, рече Масур и додаде:

,,Тој човек е чудовиште. Знаеме дека Рафа е ист, како и Роџер, но Новак е неверојатен во својата педантност“.

Новак во оваа фаза од кариерата исклучиво се фокусираше на Грен слемовите.

,,Изгледа дека тој апсолутно знае како да се организира во текот на две недели за да биде целосно подготвен кога е најважно – во полуфиналето и финалето на Грен слемовите. Тој го прави тоа цела година. Знае како да управува со својот распоред, кога оди на Слемовите, како да управува со своето тело, неговите очекувања… Тој е неверојатен“.

Да потсетиме, Ѓоковиќ неодамна го освои УС Опен каде во финалето беше подобар од Данило Медведев.

„Она што само ме разнесе против Медведев во тоа финале, мислам дека дојде до мрежата 44 пати. Тој сервираше-волеј околу 35 пати со околу 90 проценти успех. Играше како Пет Рафтер и Стефан. Едберг заедно“, истакна Масур.