НЕ МОЖЕЛА ДА ПОВЕРУВА ШТО ОТКРИЛА! По 17 години брак и три деца еден ДНК тест и го променил животот на оваа жена – дознала шокантна вистина за која сите и кажуваат да се разведе (видео)

Среќен брачен пар со три деца открива како дознале дека се во роднинска врска по направен спонтан ДНК тест. Селина и Џозеф Кинонес од Колорадо биле заедно 17 години кога Селина решила да го истражи своето семејно стебло, пишува Daily Mail.

Мајката на три деца не требала премногу на навлезе во својата лоза кога открила голем шок – нејзиниот сопруг Џозеф бил и нејзин братучед. Таа ја објави веста на социјалните мрежи која стана вирален хит за тоа како откриле дека се повеќе од маж и жена.

Се омажив за мојот сопруг во 2006 година. Без да размислуваме за тоа, добивме три деца. Потоа дознав дека сме во роднинска врска односно братучеди“, вели таа во едно од видеата објавени на социјалните мрежи.

@realestatemommas

Replying to @lonely.est91 got my filter on because its early in the morning ma

♬ Spongebob Theme – Unay

Селена се пошегувала дека веста е „добар мразокршач“, но ги повика другите парови да го проверат своето семејно стебло поради оваа причина. Таа го опишала моментот кога открила дека нејзиниот сопруг всушност и е братучед како поразителен, но вели дека нивната љубов е посилна од било кога и дека ги игнорирала негативните коментари и критичарите кои предложиле да се разведат.

Тој сè уште е, и ќе биде, моето се. Нема да дозволам ‘малку крв’ да го уништи она што го создадовме, ова прекрасно семејство“, вели таа.

Жената направила ДНК тест во 2016 година и тоа навистина ја уплашило.

Братучеди и жена доживотно! Има причина зошто некои парови си личат еден на друг. Тука сум само за да ја подигнам свеста кај сите“, порачала таа.

@realestatemommas

Replying to @dez.i.er yes do dna test if you dont want to marry your cousin on accident! Lol. Just my luck 🍀 🤣 #dna #4thcousinsforever now even if we did seperate we stuck for life because we family now 🤣

♬ original sound – 🏠Celina Quiñones🏠

Таа објаснила и како продолжиле понатаму да живеат по откритието.

Моите деца и мојот сопруг ми се сè и го преболевме ова заедно. Сите наши деца имаат по десет прсти на рацете и нозете, тоа е најбитно“, вели таа.

Таа кажува дека она и Џозеф немале поим дека се во роднинска врска кога прв пат се сретнале и дека се забавувале четири месеци пред да се свршат.

17 години со братучедот. Не, не знаевме додека не го направивме тестот. Се забавувавме четири месеци пред да се венчаме. Тој сепак ќе ми биде сè и понатаму!“, вели Селина и додава дека никогаш нема да потпадне под влијание на она што другите го мислат, тврдејќи дека немале поим дека се поврзани, пренесува Daily Mail.

Да се ​​разведеме од него затоа што не сме знаеле, само да им кажеме на нашите деца дека родителите повеќе не се заедно поради мислењата на другите. Не, благодарам, засекогаш ќе останеме роднини, сопружници и љубовници“, заклучила таа.