Не можете да влезете во Германија со стариот пасош на Македонија

Македонскиот пасош со старото име можеби се уште е во употреба во некои европски земји, но не и во Германија. Дипломатски извори за „Дојче веле“ велат дека пасошот без новото уставно име на државата може да се користи за излез, но не и за влез во државата.

Оттаму додаваат дека германските власти прават се за да им се олесни состојбата на граѓаните на Македонија кои не успеале да добијат пасош со новото уставно име и дека помошта е пред се во насока на заштита на нивните права.

Тоа значи дека граѓаните на Македонија можат да ги користат своите пасоши со старото уставно име за лична идентификација во Германија, но нема да можат да влезат во земјата доколку немаат нов патен документ со името Северна Македонија.

Наспроти вчерашната изјава на техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој рече дека е срамота државата да ги затвора своите граѓани дома, а патните исправи со старото име важат во многу европски земји, меѓу кои и тој ја спомна Германија.