Не можете да станете од кревет на утро? Психолозите даваат седум трикови за да станете ранобудник, а еве како помагаат интимните односи! (фото)
Ако се борите да станете од кревет наутро, знајте дека не сте сами. Британските психолози кои се занимаваат со промена на однесувањето и навиките наведуваат дека тоа им пречи на повеќе од 30 отсто од вработените и советуваат дека со само седум чекори може да станете „утрински тип“ кој функционира без проблеми кога ќе се разбуди.
Британците се сигурни дека положбата во која спиете, звукот на алармот, па дури и бојата на работите што ги гледате наутро се важни за утринскиот елан.
– Наместо да го одложувате будењето наутро бидејќи ќе бидете уморни и нерасположени, применете ги следните неколку трикови и потрудете се да ви станат рутина. Оваа формула ќе ве трогне и ќе ве исполни со енергија така што секој нов ден ќе го дочекате со насмевка – изјави психологот Џо Хемингс, која со својот тим издвои седум важни точки.
Спиење на левата страна
Спиењето на левата страна е многу подобро за телото, тврдат психолозите. Поради гравитацијата, срцето подобро ја пумпа крвта бидејќи е на левата страна, а бидејќи спојот на тенкото и дебелото црево е на таа страна, работата им се забрзува, па нема проблеми со дигестивниот систем и циркулацијата.
Звуците на природата
Истражувањата покажаа дека Британците во просек го одложуваат будилникот на телефонот 18 минути и поради тоа обично доцнат на своите обврски. Затоа треба да ве разбудат омилената песна или звуците на природата.
– Не исклучувајте го алармот ниту за време на викендите, освен ако не морате, бидејќи ќе влезете во рутина и ќе станете вистинска утринска личност.
Утринска акција
Наместо утринска гимнастика, психологот советува секс! За време на сексот се ослободува хормонот окситоцин кој опушта и предизвикува чувство на задоволство.
Масажа на вратот
Додека ја вршите вашата утринска хигиена, движете ги мускулите на вратот со лесни кружни движења минута или две.
Ладна вода
Туширањето ќе ве разбуди, но обидете се да издржите најмалку три минути под ладна вода.
Жолта боја
Ако не носите пижами или спиете голи, користете жолти чаршафи или утринското кафе. Оваа боја е бојата на среќата, забавата и играта, а за вашиот мозок е корисно да ја регистрира после спиење.
Задолжителен појадок
Појадокот е најважниот оброк кој треба да ви даде сила да го започнете денот и да не го прескокнувате, пишува Информер.