,,Не можете ништо без Српска” – Додик ја критикуваше политиката на Германија

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека Германија со својата еднострана политика и мешање во сè што постои во БиХ, покажува дека не е добронамерна кон народите кои живеат овде, што е последица на неуспешната политика на сегашната власт во таа земја, чии резултати може да се видат на улиците на најголемите германски градови.

– Изјавата на германскиот амбасадор дека Денис Беќировиќ е еден од најважните соговорници на Сојузна Република Германија покажува колку тој нема поим за самата структура на Босна и Херцеговина. Можеби им е важен Беќировиќ, но во целиот систем на БиХ неговиот капацитет е таков што без другите двајца претставници во Претседателството не може ништо – напиша Додик на социјалната мрежа Х.

Додик истакна дека тоа што Беќировиќ им е единствениот соговорник е затоа што тие со своите непријателски ставови го оневозможиле секој дијалог со претставниците на Српска.

– А ако амбасадорот не знае, еве можност да дознае – без Република Српска и нејзините претставници во Босна и Херцеговина ништо не може да се направи, а добро би било да покажат почит кон тој неизбежен факт – рече. Додик.