Не може да се оддели од една работа! Еве што правеше момчето убиец во последните седум дена на Клиника – лекарите не престануваат да бидат вчудоневидени
Момчето-убиец, кое на 3 мај изврши страшен масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ и со пиштол уби девет соученици и училишен чувар, речиси два месеци е во психијатриската клиника во Белград, во специјално одделение, но лекарите кои се во контакт со него, во најмала рака не престануваат да бидат изненадени од неговото однесување.
Откриени се последните информации за тоа како момчето се снашло на клиниката во изминатите седум дена.
– Престана да прашува кога ќе му дозволат дома, целосно замолче и најчесто чита книга што му ја испратила мајка му – открива добро упатен извор запознаен со случајот.