Не планирам друго дете! Интимната исповед на Марија Шерифовиќ ги остави сите без зборови: Еве зошто донела ваква одлука (фото)
Марија Шерифовиќ пред неколку дена одржа концерт во Шведска во градот Хелсингборг, недалеку од Малме, каде како специјална гостинка и’ се придружи Теја Дора, овогодинешната претставничка на Евровизија на Србија.
Марија пред да излезе на сцена одговараше на прашања од медиумите, а едно од нив беше дали планира второ дете откако го доби синот Марио преку сурогат мајка.
– Не во овој момент не размислувам за тоа. Сега, ако желбите се сменат, зошто да не? Но не за сега. Велат дека децата ни се учители, некои веруваат дека е обратно, а јас верувам дека е баш така. Речиси сум сигурна дека Марио ќе ме научи на многу работи, дека ќе биде долготрајна битка меѓу стрелецот и скорпијата, но на крајот на денот, нешто е до образованието, нешто оди од дома и нешто едноставно мора да се препушти на повисоки сили, а сè што треба да направиме како родители е да се прекрстиме и да гледаме – изјави Марија.
Таа во оваа прилика истакна дека нејзината мајка Верица Шерифовиќ е подобра како баба отколку како мајка.
Да потсетиме, пејачката неодамна откри како момчето го добило името.
– Сакав неговото име да започнува со буквата „М“ и сакав да се вика „Макс“. Потоа се разбира, моите другари ми рекоа: „Тоа име не е како за дете туку како за куче“. Поради тајмингот на процесот, документацијата додека бевме во болница, сето тоа треба да се пополни и дојде една жена и ме праша како се вика. Не знаев што да одговорам и ги замолив присутните за совет. Сите почнаа да размислуваат за буквата „М“ и некој рече: „Марио“, а јас само реков: „Напиши Марио“. Се чувствувам убаво. Се надевам дека нема да ти пречи што се викаш Марио, а мајка ти Марија. Мило ми е – призна пејачката на својот канал на Јутјуб.