“НЕ ПРАВЕТЕ ЈА ИСТАТА ГРЕШКА ДВА ПАТИ!“ – Владимир Путин со предупредувачка порака до сите бизнисмени ширум светот: “Глобалната економија продолжува да се менува…“
Претседателот на Русија, Владимир Путин, посочи дека улогата на Далечниот Исток е исклучително важна за Русија и светот.
„Глобалната економија продолжува да се менува пред се затоа што Запад го уништува системот на финансиски односи“, изјави Владимир Путин од Владивосток.
„Западните земји го уништуваат системот на трговски и финансиски односи што самите го создадоа. Списокот на земји кои се подготвени за соработка се проширува, но не според западниот модел, туку за доброто на целото човештво“, додал Владимир Путин во своето обраќање на Источниот економски форум.
Според него, динамиката на инвестициите на Далечниот Исток е три пати повисока од индикаторот за цела Русија.
„Трговската размена меѓу Русија и земјите од азиско-пацифичкиот регион минатата година се зголеми за 13,7 отсто, а во првата половина од оваа година за уште 18,3 отсто“, посочил Владимир Путин.
Тој им се обрати на бизнисмените кои се соочуваат со притисок на Запад и кажа дека посигурно е да се инвестира капитал во Русија.
„Не правете ја истата грешка два пати“, потенцирал тој.
Рускиот претседател истакна дека е неопходно сеопфатно реновирање на енергетскиот систем на Далечниот Исток и нареди да се создаде програма за периодот до 2050 година.
„Неопходно е да се поврзат гасоводите ‘Моќта на Сибир’ и ‘Сахалин-Хабаровск-Владивосток’ во еден систем“, неведува тој.
Тој, исто така, ја нагласи потребата од проширување на логистичките рути во регионот на Далечниот Исток. Владимир Путин најави дека во земјата ќе се градат брзи автопати преку Сибир и Далечниот Исток до Тихиот Океан.
VIII Источен економски форум се одржува од 10-13. во септември 2023 година во Владивосток.