НЕ СМЕ ВИНОВНИ! Вака се бранеле родителите на момчето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“: Целосно ја негирале вината!

„Ние не сме виновни“ вака на судењето се бранеа обвинетите родители на момчето убиец кое на 3 мај минатата година уби девет врсници и обезбедување во основното училиште „Владислав Рибникар“ .

Да потсетиме, во обвинението се вклучени и одговорниот за стрелиштето каде, како што се сомнева, таткото го научил да пука, како и инструкторот. Таткото се товари за кривично дело тешки дела против општата безбедност, додека мајката за кривично дело недозволено произведување, држење, носење и тргување со оружје. Покрај родителите на момчето, во обвинението е и одговорното лице на стрелачкиот клуб „Партизан практично стрелање“, како и инструкторот во тој клуб, каде споменатото дете научило да пука со огнено оружје.

На почетокот на судењето, обвинителот Никола Ускоковиќ предложи судењето да биде затворено за јавноста поради заштита на малолетните жртви.

На овој предлог се спротивстави адвокатот на родителите на момчето убиец, Боривоје Боровиќ и има пауза на која ќе одлучува судскиот совет.

Инаку, таткото на момчето убиец во судница бил донесен со лисици на рацете, придружуван од двајца стражари, а му ги симнале лисиците дури кога седнал на обвинителна клупа.

Тој седнал пред семејствата на убиените деца и не ги ни погледнал, туку и кимнал со главата на сопругата, која исто така е обвинета во овој случај, а кога се погледнале и двајцата се расплакале.

-Изгледаше како да не плачат за семејствата на убиените деца, туку еден за друг, пренесуваат српските медиуми

Судијата Зоран Божовиќ по паузата соопшти дека советот донел одлука целиот тек на судењето да биде затворен за јавноста заради заштита на интересите на малолетните жртви и нивните семејства.