Не спие со денови, се тепа со мажот а семејството ги крие ножевите од неа: Излезе нов документарец за Бритни Спирс: Фановите се загрижени! (фото/видео)

Објавен е најновиот документарец за Бритни Спирс со наслов „TMZ Investigates: Britney Spears: The Price of Freedom“, кој открива бизарни детали за пејачката и обожаватели.

– Спирс поголемиот дел од времето го поминува сама дома – изјави извршниот продуцент на TMZ, Чарлс Латибадиер. Во документарецот се наведува дека Спирс пие огромни количини кафе и енергетски пијалоци и дека понекогаш спие до три дена, а потоа да не спие со денови.

Таа често има манични епизоди, поради што нејзиното семејство ги држи подалеку од неа сите ножеви во куќата, според документарецот.

Бритни е мајка на 17-годишниот Шон Престон и 16-годишниот Џејден, кои наводно ги нема видено повеќе од една година, а само повремено се допишува преку СМС пораки.

Во документарецот се гледа и нејзиниот брак со танчерот Сем Ашгари, а се дознава дека Спирс имала неколку физички пресметки со нејзиниот сопруг.

Инаку, веќе извесно време се шират гласини дека една година откако кажала ,,да” има брачни проблеми со Сем. Кон крајот на март била снимена како се качува во приватен авион без сопругот, а на раката немала бурма.

Да потсетиме, парот се венча во јуни минатата година по пет години врска и една година откако се верија. Многумина веруваат дека Ашгари ја користи пејачката како свој „приватен банкомат“.

Сепак, беше откриено дека Спирс го заштитила нејзиното богатство од него. Младенците потпишале „цврст“ предбрачен договор кој ја фаворизира пејачката и ја штити секоја заработка што таа ја заработила пред венчавката, откриваат извори блиски до Бритни. Некои се загрижија дека Сем сака да ја искористи и коментираа дека ја запросил пејачката во интересно време, откако таа стана сингл, а нејзиниот татко Џејми Спирс повеќе не ги надгледува нејзините финансии.

Бритни, чие богатство се проценува на повеќе од 60 милиони долари, го запозна Ашгари во октомври 2016 година на снимањето на нејзиниот спот за нејзината песна „Slumber Party“ а тој беше дел од спотот.