„Не сум единствената со која ја изневерил Викторија“ Шок-интервју со поранешната љубовница на Бекам, открива нови сочни детали од аферата: „Ах, само да го видевте“ (фото)

Поранешната асистентка и наводна љубовница на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, Ребека Лус, проговори за нивната наводна афера од пред 20 години и додаде дека таа не била единствената со која Бекам ја изневерил сопругата.

Во интервју за „60 Minutes Australia“, Ребека инсистираше на тоа дека никогаш не лажела и дека секогаш се држела до вистината откако во 2004 година за првпат беше обвинета дека во брак со Бекам ја изневерувал сопругата Викторија, со неа.

ребека лус 3.png

Моето мислење е дека беше многу храбро да се оди против нив. Се држев до вистината, никогаш не претерав. Никогаш не лажев за ништо. Зошто ? Затоа што отидов против најсилната, најмоќната двојка во медиумите, која ги има сите пари на светот за најдобар ПР и најдобрите адвокати.

Таа реши повторно да проговори на оваа жешка тема откако го гледаше документарниот филм на Нетфликс за Дејвид Бекам од 2023 година, во кој тој и Викторија разговараат за гореспоменатиот секс скандал .

,,Тоа е голем дел од мојот живот, голем дел од мојот животен пат. И ако некој се обиде да ме урне или да го извалка моето име, тогаш морам да се залагам за себе. Секогаш ќе се залагам за себе”, објаснила Ребека.

„Мислев дека тоа е веќе заборавено, а потоа телефонот почна да ми ѕвони без престан. Мислев дека тој прво ќе ми се јави или барем ќе се извини. Но, она што најмногу ме изнервира беше фактот што моите тврдења ги нарече смешни. Затоа сакав да се залагам за себе и јавно да ја искажам вистината“, рече Ребека, која работеше за Бекам, додека тој играше во Реал Мадрид. Денес таа е мажена, мајка на двајца тинејџери, а во новото интервју 
откри дека нејзиниот тогашен шеф бил „љубезен, грижлив и правел да се чувствува посебно“.

Таа откри и дека Викторија била надвор од градот кога Дејвид наводно ја поканил во хотелот, додавајќи дека потоа му „попуштила“.

„Имаше нешто во начинот на кој тој ме погледна. О, да го видевте само тој поглед во неговите очи, ќе ви беше прилично тешко да не правите ништо. Тој ја има оваа моќна харизма, лесно може да го добие она што го сака. Тој е многу убав и мислам дека е свесен за тоа“, рече Ребека, која имала 26 години во моментот кога била со него.

„Тој ми рече дека никогаш порано не го направил тоа, дека јас сум му прва. Типични клишеа, но јас се навлеков на тоа“, признава таа.

,,И потоа две недели подоцна бевме на роденденската забава на Роналдо и тој дојде со убава манекенка. Беше тешка ноќ за мене, му реков дека не разбирам што се случува. Тогаш сфатив дека сум измамена”, додала таа.

Таа призна дека знае колку му е важен неговиот имиџ и дека сака и тој да почувствува мала болка. Сепак, најмногу ѝ беше жал за Викторија. 

,,Имаше ужасни приказни за мене, имаше ужасни приказни за неговата сопруга. Никогаш немаше толку страшни приказни за него. Тој беше “златното момче”, го тапкаа по грбот. Ништо не се смени во неговиот живот, за сето тоа бевме Викторија и јас виновни”, додала таа.

Ребека Лос сега живее во Норвешка, далеку од рефлекторите и ужива во планинарење, возење велосипед, вежбање јога и трчање со својот сопруг доктор.