Не oдржaла ниеден час 16 години! Наставничка на боледување, а примала целосна плата: Еве што одлучи судот

Наставничка во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија е на боледување 16 години и прима целосна плата , но сега Врховниот суд пресуди дека тоа е завршено и дека таа мора да се подложи на лекарски преглед.

Просветната работничка од Дуизбург не работи од 2009 година и не држела ниту еден час, но и покрај тоа, таа прима плата од месец во месец. Таа постојано го продолжувала боледувањето поради ментални проблеми.

„Неразбирлив налог“

Во сите тие години, наставникот го посетил лекарот само еднаш, а причината за тоа била тоа што покраината Северна Рајна-Вестфалија не издала соодветен налог.

Кога конечно ѝ било наредено да оди на преглед во април оваа година, наводно се обидела да го избегне и тоа.

Таа поднесе жалба во која наведе дека по 16 години болест, поради која не можела да работи, наредбата „веќе не е разбирлива“, јавуваат локалните медиуми.

Судот ја отфрли жалбата.

Сепак, Административниот суд во Дизелдорф ја отфрли нејзината жалба, а таа одлука беше поддржана од Високиот суд на 12 август.

Сега докторот треба да утврди дали наставничката навистина не е способна за работа , и во тој случај таа нема да ја добива целата плата, туку намалена пензија и ќе мора сама да ги сноси трошоците за постапката.