,,Ниедно дете не треба да ја гледа мајка си како плаче” – Карлеуша со емотивна објава го ,,сруши” интернетот, испрати јасна порака! (ФОТО)

Поп дивата Јелена Карлеуша ги поведе своите две ќерки на вистинскиот пат.

Карлеуша често истакнува дека девојките се центарот на нејзиниот свет и дека ужива во најубавата улога во животот, мајка, а сега го откри и „рецептот“ за здраво растење.

Јелена преку својата приказна на Инстаграм откри што мисли дека е најважно за децата да растат правилно и здраво.

Јелена Карлеуша

– Мислам дека е исклучително важно секое дете да расте и никогаш да не ја види мајка си како плаче – изјавила пејачката.

Да потсетиме, Јелена е секако една од најинтригантните јавни личности на целиот Балкан, а последните години поради големиот интерес на јавноста медиумите често се занимаваат со нејзиниот брак со фудбалерот Душко Тошиќ.

Таа неодамна најискрено и најинтимно проговори за врската со Тошиќ.

– Душко е љубовта на мојот живот. Тој е мојот најубав човек. Сè уште сме во брак. Душко е татко на моите деца. Тој не ме сака, но јас го сакам него. Ние сме во брак ради реда. Тргнавме по својот пат, иако живееме во иста куќа. Најмногу поради децата сме под ист покрив. Атина и Ника заслужуваат да бидат покрај мама и тато. Душко е татко на моите деца и би го дала животот за него. Би примила куршум за него – изјави тогаш ЈК за Информер.