Ние сме најлошиот тим во историјата на Манчестер Јунантед! Потресни зборови на тренерот на еден од најголемите клубови во светот
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим ги изненади сите со изјава за состојбата на клубот.
Португалецот го презеде славниот клуб во ноември 2024 година и го водеше 15 натпревари.
Во тој период Јунајтед забележа шест победи, седум порази и две нерешени.
По поразот од Брајтон во 22. коло од Премиер лигата на стадионот „Олд Трафорд“, Аморим го изјави следново:
– Во 10 натпревари во Премиер лигата победивме на два. Замислете што значи ова за навивачите на Манчестер Јунајтед. Замислете што е ова за мене. Така, дојде нов тренер кој губи повеќе од претходниот тренер. Јас сум целосно свесен за тоа – рече тој и потоа додаде:
– Како што кажав, нема да се менувам, без разлика на сè. Знам дека можеме да успееме, но треба да го преживееме овој момент. Не сум наивен и знам дека сега треба да преживееме. Ние сме можеби најлошиот тим во историјата на Манчестер Јунајтед. Знам дека сакате наслови, но ова го велам затоа што мораме да го признаеме и да го промениме. Еве, ова ви е за насловна – заврши Рубен Аморим.
По 22 одиграни натпревари, Манчестер Јунајтед е 13. на табелата во Премиер лигата со 26 бодови.