“НИКОГАШ НЕ БЕГАМЕ И НЕ СЕ КРИЕМЕ“ – Дали Сергеј Лавров и Ентони Блинкен токму во Скопје ќе седнат да разговараат на тркалезна маса !?
Официјална Москва во понеделникот објави дека министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров и државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД), Ентони Блинкен, нема да се сретнат на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Македонија оваа недела.
Сергеј Лавров претходно изјави дека ќе им се придружи на министрите за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), која ги вклучува Канада и САД, во Скопје доколку Бугарија му го отвори својот воздушен простор, за што денес денес дојде позитивен одговор од Бугарија, односно МНР на Бугарија даде „зелено светло“ за лет на руската делегација над нивниот воздушен простор.
Сергеј Лавров посочи и дека некои западни земји побарале средби со него.
Од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, средбите во живо меѓу руските и западните министри се ретки.
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави дека Вашингтон не побарал средба и дека „нема да има средба“, пренесува руската медиумска агенција ТАСС.
Состанокот на ОБСЕ, кој има 57 членки, се одржува од – 30. ноември и 1. декември во главниот град Скопје.
„Наводно, Бугарија и ветила на Македонија да го отвори нејзиниот воздушен простор. Ако тоа се случи, ќе бидеме таму. Ќе видиме“, претходно истакна Сергеј Лавров.
„Веќе има неколку барања за средби, вклучително и од западни претставници“, откри претходно Сергеј Лавров, без да именува ниту една земја.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, овој месец изјави дека соседите на Македонија допрва треба да донесат конечна одлука за правилата за летот на руската делегација.
„Секако дека ќе се сретнеме со сите“, вели Сергеј Лавров и додава: „Ако некој ни пријде, никогаш не бегаме и не се криеме“.
Бугарскиот воздушен простор е затворен за руски авиони како дел од санкциите на Европската унија воведени поради руската инвазија на Украина, но овој исклучок нема да претставува кршење на санцкиите наметнати кон руските власти и самата Руска Федерација.