Никогаш не би погодиле кои луѓе имаат најмногу интимни односи неделно – луѓето со оваа професија се убедливо на прво место

Бројот на интимни односи е тема за која често се дебатира, и тоа со добра причина. Додека некои не можат да замислат ден без секс, други уживаат во страстите еднаш месечно и тоа им угодува. 

Бројни студии се занимаваат со прашањето колку интимни односи треба да имаме, а дали знаевте дека на бројот може да влијае професијата со која се занимавате ?

Британската компанија Bed SOS спроведе истражување за поврзаноста на професиите и зачестеноста на интимните односи. Резултатите покажале дека луѓето кои се занимаваат со одредени работи имаат најмногу интимни односи неделно. Списокот може да ве изненади, иако не е објаснето зошто луѓето со овие професии често разменуваат страсти. Еве за кои станува збор:

  • Здравство: 3,7 пати
  • Финансии: 3,6 пати
  • Управување со човечки ресурси: 3,5 пати
  • ИТ: 3,4 пати
  • Малопродажба: 3,3 пати

Исто така, оние кои се занимаваат со уметност и дизајн имаат просечно 4,4 секс неделно. На листата се најдоа и сметководителите со 3,6 пати, потоа трговците со 3,4 пати, програмерите со 3,3, водоинсталатери и електричари со 3,1 пати.