Кожата на ајкулата може да се користи за заздравување на раните и регенерација на ткивата

Истражувачите и лекарите од областа на биомедицината и биотехнологијата долго време се заинтересирани за можните терапевтски придобивки од кожата на ајкулата. И покрај фактот дека кожата на ајкулата нема никакви „магични“ лековити својства, биологијата на овие животни е предмет на истражување за нејзината употреба во заздравувањето на раните и регенерацијата на ткивата.

Новото истражување се обидува да ги истражи лековитите својства за потенцијална примена во медицинските производи. Една од причините за интересот за кожата на ајкулата е фактот што некои видови од овие животни имаат кожа со природни антибактериски својства. Овие карактеристики можат да ја намалат можноста за инфекција на раната со спречување или инхибирање на растот на опасните бактерии на површината на кожата.

Досега, текстурите на кожата на ајкулата се користеа за да се развијат преврски за рани и медицински производи со намалена бактериска колонизација и подобрени својства за регенерација на ткивата. Со цел да се разберат механизмите на овие антибактериски квалитети и да се истражи нивната можна примена во создавањето на дополнителни антимикробни материјали за медицинска употреба, потребни се повеќе истражувања.

„Молекуларната биологија на ајкулите е уникатна. Ајкулата не е само уште една риба што плива наоколу, овие животни имаат единствена биологија и веројатно има многу биомедицински примени кај луѓето кои можат да се искористат. Кога станува збор за муцин, примарна компонента на слузта, Можам да замислам различни локални третмани за нега на рани, кои би можеле да се развијат“, рече професорот по дерматологија Јакоб Викстром.

Тој и неговиот тим спроведоа истражување на шилестата ајкула (Squalus acanthias) и други видови риби на ‘рскавица за да добијат увид во биохемијата на кожата на овие животни.

Кожата на ајкулата има исклучително тенок слој на слуз кој хемиски се разликува од оној на другите коскени риби. Ова се должи на фактот дека слузта од ајкула е речиси неутрална по хемиски состав и помалку кисела од слузта на некои цицачи, вклучително и луѓето.

Истражувањето е револуционерно, но се уште не се знае какви ќе бидат конечните резултати.

Треба да се има на ум дека кожата на ајкулата не е директен извор на медицински терапии, иако може да ги подобри антибактериските својства и способноста за регенерација на ткивата. Главните цели на истражувањето се да се разберат основните механизми и карактеристики кои ја разликуваат кожата на ајкулата од другите видови, како и да се истражи нејзината потенцијална употреба во медицината и другите биомедицински индустрии.

„Животните кои се еволутивно далеку од нас сè уште можат да ни дадат важни информации што се релевантни за луѓето“, заклучува Викстром.