ФОТО | Како се хранат децата на најбогатата старлета во светот ? Тоа што го јадат тие, децата во Македонија никогаш не би го ‘посакале’

Најпознатата старлета, Ким Кардашијан, води посебен начин на живот кој е сосема поинаков од животот на другите луѓе. 

Големата слава и парите диктираат посебен начин на живот, а многумина се прашуваат како нејзините деца се навикнуваат на тоа бидејќи постојат верувања дека уживаат во луксуз.

Сепак, постојат строги правила кои мора да ги почитуваат децата на Ким Кардашијан и Канје Вест. Освен тоа, начинот на кој се хранат нејзините деца изненади многумина.

Имено, на фотографиите кои се појавија неодамна може да се види како мајка и ќерка прават суши и пржено пилешко во својата кујна, додека во еден момент Норт Вест, нејзината најстара ќерка, решила да изеде голем залак неизлупен кромид како јаболко.

Ким Кардашијан и Норт Вест

Се чини дека нејзините деца претежно јадат вегетаријанска храна, бидејќи Ким Кардашијан неодамна се пофали на социјалната мрежа Х (Твитер) со својот огромен фрижидер полн со претежно зеленчук, а таа објава можете да ја погледнете ОВДЕ.

Интересно е и тоа што Ким Кардашијан, како и Кортни Кардашијан, забранила секој да го користи зборот „дебела“ пред нејзините деца. Таа постојано потенцира дека сака нејзините деца да имаат самодоверба и да бидат задоволни со својот изглед.